ESPORTS.MK

gla1ve АУТ JUGi ИН

gla1ve АУТ JUGi ИН
мај 19
23:51 2020

Jakob “JUGi” Hansen е во првата петорка на Astralis,  Lukas “gla1ve” Rossander зема отсуство поради медицински причини, објави данската организација во вторникот.

gla1ve ќе е аут во наредните неколку месеци сето ова доаѓа како последица од медицински причини, откако подолг период имал проблеми со стресот.

JUGi го имаше првиот дебитантски меч денеска каде што данскиот супертим успеа да го совлада неговиот претходен тим односно Heroic со победа од 2-0 (19-16 на Train и 16-14 на Inferno)

Tој ќе биде во активниот состав барем првиот месец, се додека не му истече договорот на Patrick “es3tag” Hansen со Heroic и кога тој официјално ќе стане ден на данскиот супертим.

Долго време, работевме со Lucas и тимот за да ги минимизираме задачите внатре и надвор од професионалното играње“. „Ова му помогна, но за жал, не му беше доволно за да избегне еден период каде што ќе биде неактивен“.

„Знам дека има многу играчи во ситуации слични како на Lucas. Иако може да кажете дека требаше да го направиме овој потег одамна, но наша надеж е дека ќе можеме да избегнеме слични ситуации во иднина.

„Очекувањата од наша страна се тој да се врати подготвен за акција и жеден за победа. Ние му ја нудиме било која потребна помош од наша страна.“

Astralis Sports Director, Kasper Hvidt

Данскиот тим го започнаа својот буткамп вчера,  заедно со целосниот персонал односно нивните тренери за перформанси и слично. Нивниот буткамп ќе се одржи во нивното седиште во Копенхаген. Тие од таму ќе ги играат и своите официјални мечеви за DreamHack Masters Spring 2020 – Europe.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK