ESPORTS.MK

Gambit Esports се победници на IEM Katowice 2021

Gambit Esports се победници на IEM Katowice 2021
март 01
00:05 2021

Gambit ги победи на Virtus.pro во финалето на IEM Katowice 2021 и стигнаја до нивната втора најголема титула до сега.

Тимот кој беше тотален аутсајдер на почетокот од овој настан го завшри своето патешествие на најдобар можен начин победувајќи ги успат најголемите ривали од нивниот регион, Na’Vi и Team Spirit.

Во финалето прва мапа беше Vertigo. Gambit го започна натпреварот со многу агресивна игра и ги обезбеди првите три рунди. Но, лошата проценка на противникот ги доведе до пораз во првото полувреме од 9-6.

И покрај тоа што Virtus.pro ја обезбеди пиштол рундата во второто полувреме, Gambit покажа дека нивниот камбек е реален па направи серија од шест рунди и го доведе резултатот до 12-9 за нив. Сепак Virtus.pro навреме се разбуди и до крајот на мечот им остави уште само 2 рунди на Gambit, комплетирајќи го резултатот 16:14 за Virtus.pro.

Втората мапа беше Dust 2. Gambit веќе го имаа заборавено болниот резултат на првата мапа и видно мотивирани го освоија првото полувреме со вкупен резултат од 9-6.

Во второто полувреме Virtus.pro немаа никаква одбрана против нападите на Gambit и затоа второто полувреме го добија русите и го затворија резултатот со вкупен резултат 16:6.

На третата мапа, Train, Gambit со тотална доминација и агресивна игра стигнаја до резултат од 11-4 на полувремето.

Virtus.pro изгледаа како веќе да се имаат откажано и до крај на натпреварот односно во второто полувреме не успеаја да земат ниту една рунда, па така крајниот резултат на оваа мапа беше 16:4 за Gambit.

Четвртата и последна мапа беше Overpass. Двете екипи влегоа силно во мечот но сепак желбата и мотивацијата на Gambit како да беше посилна и крајниот резултат на првото полувреме беше 11-4.

Кога сите мислеа дека е готово и дека Virtus.pro го имаат предаено мечот, тие успеаја да направат 3-0 серија. После оваа мини серија, Gambit, успеа да се врати и да направи 4-0 со што резултатот беше 15:7 за Gambit. Virtus.pro се разбуди и повторно влезе во серија каде што стигна до резултат од 15:12 но противникот реши да стави точка на оваа мапа и на овој тунрир со што го комплетира крајниот резултат со 16:12 за Gambit Esports.

IEM Katowice 2021 завшри и ни остави навистина добри сеќавања. Исто така ни докажа дека некогаш и најмалите тимови можат да имаат шампионски менталитет.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK