ESPORTS.MK

G2 ја прекинаа низата порази со триумф против екипата на Rogue

G2 ја прекинаа низата порази со триумф против екипата на Rogue
јули 30
19:32 2020

Европскиот шампион G2 Esports конечно ја запре серијата порази во LEC лигата совладувајќи го првопласираниот тим на табелата Rogue.

G2 за прв пат го доведе пласманот во плејоф-от во сериозно прашање откако врзаа четири порази еден по друг, против екипите на Excel, Origen, MAD Lions и Schalke 04. Нивниот пораз против тимот на дното на табелата Schalke 04 Esports, и тоа пред главниот натпревар против Rogue, предизвика голем страв и паника меѓу навивачите, но сепак се смирија за кратко после победата против Rogue.

Не изгледаше дека G2 ќе дојде до победа откако Rogue на самиот старт ги збуни со ротација на топ и на бот лејновите. G2 се обиде да одговори на тактиките кои беа исклучително популарни пред неколку сезони, но тие не беа доволно механички спремни и како резултат на тоа Rogue брзо креираше голема предност. За среќа за G2, нивните противници го забавија темпото на игра и тие целосно се вратија во игра, откако Rasmus “Caps” Wither го украде баронот од противничкиот тим со Syndra.

После тоа Rogue едноставно не успеа да пронајде ниедна победничка тимска борба , а не им помогна ни премоќниот Aphelios кој пак доста пати во оваа сезона сам го одлучуваше исходот на LEC гејмовите. G2 во другиот дел од гејмот потсети зошто е најтрофејниот тим во лигата и актуелен вицешампион во светот, додека Rogue беше малку разочаран кога се зема во предвид дека они и MAD Lions се моментално лидери на табелата.

И MAD Lions доживеа пораз од страна на SK Gaming кој благодарение на подобрениот перформанс во тимските битки ја запиша седмата победа оваа сезона и се проби на делба за третата позиција на табелата со Fnatic.

Fnatic ги совлада Origen и ја заокружи оваа недела со уште една победа, додека во преостанатите гејмови Schalke 04 Esports дојде во првата 2-0 недела во летната сезона со победа против Misfits, а Excel Esports до победа која им ја одржува во живот надежта за плејоф против тимот на Vitality.

Вака личи состојбата на табелата после шеттата недела на натпревари.

1. MAD Lions 10-3
1. Rogue 10-3
3. Fnatic 7-6
3. SK Gaming 7-6
5. Excel Esports 6-7
5. G2 Esports 6-7
5. Origen 6-7
8. Misfits Gaming 5-8
8. Team Vitality 5-8
10. Schalke 04 3-10

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ