ESPORTS.MK

Извори: G2 го потпишаа Nelson Sng како нов стратешки тренер за Летниот сплит на LEC за 2021 година

Извори: G2 го потпишаа Nelson Sng како нов стратешки тренер за Летниот сплит на LEC за 2021 година
април 22
22:07 2021

G2 Esports ќе ги преземе услугите на Nelson Sng за да ги зајакне своите играчи за Летниот сплит на LEC во 2021, според извори блиски до Dot Esports. Nelson ќе дејствува како стратешки тренер на тимот и ќе им се придружи во големиот тим на G2 како дел од нивната дивизија во League of Legends.

Сингапурскиот тренер е дел од сцената во Лигата на Еспорт од 2012 година, а  претходно работеше со тимови како LNG Esports или HK Attitude. Тој исто така учествувал како on-air личност за разни настани во еспортот, вклучително и Светското првенство во 2019 како дел од официјалното емитување на LPL.

G2 не беше единствената екипа заинтересирана да се обиде да го ангажира Nelson за да го засили својот тренерски штаб. Многу франшизи во LEC го контактирале тренерот во последните неколку недели, велат извори.

G2 го заврши плеј-офот на Пролетниот Сплит на LEC во 2021 година на третото место, што е разочарувачки резултат за тим со престиж како што е G2. Иако ова беше првиот сплит на G2 со Rekkles, тоа го одбележа првиот пат кога организацијата не успеа да ја освои титулата во LEC после четири сплита по ребрендирањето на EU LCS.

Dot Esports се обрати до G2 за да ја коментира аквизицијата на Nelson Sng.

Иако не можеме да го коментираме Нелсон Снг, можеме да потврдиме дека Grabbz ќе остане наш главен тренер за Летениот Сплит, изјави G2 за Dot Esports.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK