ESPORTS.MK

G2 го победи Rogue во дерби натпреварот, Fnatic на врвот на табелата

G2 го победи Rogue во дерби натпреварот, Fnatic на врвот на табелата
јули 14
19:30 2021

По 11-тото коло во LEC лигата, Fnatic се изедначи со Rogue на врвот на табелата, благодарение на големиот ривал G2 , кој успеа да го победи Rogue.

G2 помина низ една од најголемите резултатски кризи во LEC лигата досега, губејќи четири натпревари по ред, но за една недела, тие успеаја да дојдат до важни победи. И, иако можеше да се очекува дека ќе го совладаат Astralis, триумфот против лидерот на табелата доаѓа како мало изненадување затоа што Rogue покажа многу повеќе во првиот дел од шампионатот.

G2 не само што дојде до победа, туку и целосно го надигра Rogue и конечниот резултат беше 18-1 за G2 . Martin „Rekkles“ Larsson особено беше импресивен на шампионот Tristana, а за него овој натпревар беше од големо значење бидејќи тој стана првиот играч во LEC лигата со над 2.000 убиства.

Следната недела ни носи уште едно старо дерби помеѓу G2 Esports и Fnatic , кое Fnatic ќе мора да го добие доколку сака да остане на врвот на табелата.

Состојбата на табелата од LEC лигата после единаесеттото коло е:

1. Fnatic 8-3
1. Rogue 8-3
3. MAD Lions 7-4
3. Misfits Gaming 7-4
5. G2 Esports 6-5
6. Astralis 5-6
6. Team Vitality 5-6
8. Excel 4-7
9. Schalke 04 3-8
10. SK Gaming 2-9

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ