
G2 Esports се победници на првиот VALORANT турнир организиран од Red Bull.
Финалниот меч помеѓу G2 Esports и Team Liquid беше толку многу изедначен што мораше да се одигра и петтата мапа од BO5 серијата.
Првата мапа беше Icebox и на неа двата тимови се покажаа дека се спремни за ова финале, но после долги битки, Liquid успеа да го затвори резултатот со 14:12.
Heaven беше исто така тесна мапа но повторно Liquid покажаа дека се подобри и поспремни од нивниот противник па затоа крајниот резултат беше 13:11 за Team Liquid.
Кога сите мислеа дека G2 Esports се имаат откажано и дека Ascent е последна мапа на овој турнир, тие некако успеаја да се вратат во мечот и да издвојат победа од 13:10.
Видно мотивирани од Ascent, G2 Esports на Split конечно ја оправдаа фаворитската позиција на овој настан и резултатот го затворија со висока победа од 13:6.
На последната мапа, Bind, Team Liquid изгледаа како да се имаат разочарано од претходните две мапи и како воопшто да не сакаат да го освојат ова финале и овој турнир. Но затоа нивните протовници беа толку многу желни за овој трофеј што на крај резлутатот на петтата и последна мапа беше 13:3 за G2 Esports.
Your Kings have returned 👑
WE ARE YOUR HOME GROUND CHAMPIONS pic.twitter.com/2h0BpjGUzs
— G2 Esports (@G2esports) January 31, 2021
После оваа победа и овој турнир, G2 се смета дека е најдобриот тим во Европа и еден од најдобрите во светот. Но сепак без офлајн турнири тешко е да се утврди колку се добри G2 Esports на меѓународната сцена.