ESPORTS.MK

G2 Esports го освои Valorant WePlay! Invitational

G2 Esports го освои Valorant WePlay! Invitational
јули 20
18:48 2020

G2 Esports го освои Valorant WePlay! Invitational турнирот победувајќи ги fish123 со 2-0 во bo3 серијата. Ова е втора победа во голем натпревар во Valorant за G2.

Целиот турнир беше доминиран од страна на талентираниот G2 Esports тим. Тие успеаја да ги победат сите три мечеви во групната фаза. Исто така тие издвојуваа голема победа против едно од најголемите имиња во еспортот, Ninjas in Pyjamas.

После групната фаза G2 не изгуби ниту еден меч и стигна до посакуваната цел освојувајќи го Valorant WePlay! турнирот.

Оваа победа на G2 е 13та по ред во досегашното професионално играње на тимот каде што тимот за брзо време се докажа како еден од најдобрите тимови во оваа игра и на оваа сцена.

За тимот на G2 моментално играат:

  • Oscar “mixwell” Cañellas Colocho
  • Ardis “ardiis” Svarenieks
  • Patryk “Patitek” Fabrowski
  • David “davidp” Prins
  • Jacob “pyth” Mourujärvi
 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK