ESPORTS.MK

FreeFortnite Куп

FreeFortnite Куп
август 22
16:27 2020

Продолжува ривалството помегу Epic Games и Apple, овој пат Epic организираат турнир под името FreeFortnite, кој ќе биде достапен за сите кои сакаат да учестуваат.

Турнирот ќе се одржи на 24 Август и вие ќе можете да учестувате преку клиентот, турнирот ќе трае 4 часа каде, ќе е Solo mode и ќе може да се изиграат 12 игри.

Поените ќе се собираат според следниот формат:

  • Active Time – 1 поен за секои 3 минути на BR island.
  • Eliminations – 1 поен за Елиминација
  • Victory Royale – 10 поени за секој Victory Royale

Наградите овој пат се многу поразлични и интересни.

Доколку направите 10 поени како награда ќе го добиете Tart Tycoon Outfit, skin кои очигледно е направен за да ги исмејува Apple.

Најдобрите 20 000 играчи глобално ќе добијат награда #FreeFortnite капа, која ќе ви ја испрати Epic на ваша домашна адреса.

 

За крај Epic ќе даваат 1200 парчиња гејминг хардвер, се разбира од конкурентите на Apple, затоа најдобрите 1200 играчи глобално ќе добијат:

  • Alienware Gaming Laptop®
  • Razer® Gaming Laptop
  • Samsung Galaxy Tab S7®
  • OnePlus 8 – 90FPS on a phone
  • PlayStation 4 Pro®
  • Xbox One X®
  • Nintendo Switch®

Ова представува уште еден напад од страна на Epic, каде ја покажуваат својата упорност и посветеност кон нивната цел да се уништи монополот на Apple на платформите за мобилни игри.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK