
Иако сезоната ја започнаа со два порази, Fnatic успеа брзо да се опорави со пет победи во низа, вклучувајќи победа против нивниот најголем ривал G2 , стигнувајќи до второто место на табелата.
Трансферот на Gabriel „Bwipo“ Rau во џунглата беше една од главните теми на не премногу возбудливиот период пред почеток на летната сезона на LEC. Никој не ни замислуваше дека најголемиот плус во целата ротација ќе биде доаѓањето на новиот играч Adam „Adam“ Maanane. Младиот Французин игра се подобро и подобро од коло во коло и полека прераснува во ѕвездата на тимот.
Всушност Adam беше прогласен за MVP на натпреварот, бидејќи неговиот Renekton беше нерешлив проблем за G2 Esports. Fnatic одлично се снајде во пик/бан фазата, каде што ја заокружи поставата со Taric, support champion чии одбранбени бафови имаа клучна улога во борбата против агресијата на G2 Esports.
G2 Esports поведе рано со бројот на убиствата, но во 17-та минута Fnatic направи АС без да загуби херој и направи голем пресврт. Супериорноста во тимските борби му овозможи на Fnatic лесно да стигне до баронот и да направи уште еден АС со него и да стави точка на мечот по нешто помалку од половина час игра.
Fnatic следната недела ќе игра против два тима од долниот дел на табелата и имаат идеална можност да стигнат до првото место во LEC доколку Misfits потфрли.
Моменталната состојба на табелата е:
1. Misfits 6-1
2. Fnatic 5-2
2. Rogue 5-2
4. G2 Esports 4-3
4. MAD Lions 4-3
4. Team Vitality 4-3
7. Astralis 2-5
7. Excel 2-5
7. Schalke 04 2-5
10. SK Gaming 1-6