ESPORTS.MK

FalleN официјално во Team Liquid

FalleN официјално во Team Liquid
јануари 09
20:08 2021

Легендарниот бразилски снајпериста и in-game лидер Gabriel “FalleN” Toledo официјално е дел од тимот на Team Liquid.

Fallen влегува на местото на Russel “Twistzz” Van Dulken кој го напушти тимот после изгубата од Astralis во финалето на Intel Extreme Masters XV.

FalleN е еден од легендите на Бразилскиот кантер. Тој беше рангиран како втор во 2016 и шести најдобар играч во 2017 година. FalleN има освоено неколку големи титули во својата долга кариера со тимовите на Luminosity, SK Gaming, MiBR. Тој исто така има освоено и две ESL One: Cologne и ESL Pro League втора сезона како и шеста сезона.

Со последната измена во Liquid, моменталниот ростер изгледа вака:

  • Jonathan “⁠EliGE⁠” Jablonowski
  • Keith “⁠NAF⁠” Markovic
  • Jake “⁠Stewie2K⁠” Yip
  • Michael “⁠Grim⁠” Wince
  • Gabriel “⁠FalleN⁠” Toledo

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK