ESPORTS.MK

Европскиот Куп на Нации заврши со големи успеси за македонската еспорт сцена

Европскиот Куп на Нации заврши со големи успеси за македонската еспорт сцена
јуни 23
13:50 2020

Македонските еспорт екипи покажаа исклучително добри резултати во Европскиот Куп на Нации под името „StayHome European Nations Cup“, освојувајќи шампионско место во League of Legends и вице шампионско место во Counter Strike: Global Offensive. Во играта Pro Evolution Soccer 2020 се пласиравме до четврт финалето. На овој куп на Нации беа пријавени 130 тимови и 40 поединци.

Дванаесет членки на Европската Федерација го организираа овој Куп на Нации за да ја подигнат свеста кај младите во Европа за опасноста од Ковид 19 и да порачаат дека е добро да се остане што е можно повеќе во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.

Натпреварите ги проследија повеќе од 3000 ентузијасти. Во League of Legends противник во финалниот меч ја совладавме репрезентацијата на Израел со резултат 3-1 во мечеви. Кантерџиите го заслужија второто место во овој шампионат во финалниот меч со Чешка каде тесно изгубивме со 2-0 во мечеви, а играта за фудбалерот во PES 2020, Давид Гаревски, заврши во четврт финалето со Украина.

Севкупно, Македонија уште еднаш покажа и докажа дека има таленти и квалитетен кадар во еспортот кои можат достојно да ја претставуваат во дигиталните арени на европската сцена и пошироко.

Наредните официјални натпревари за нашата земја ќе бидат европските квалификации за учество на Светското Еспорт Првенство кое традиционално се оддржува повеќе од десет години во организација на Интернационалната Еспорт Федерација.

Македонската Еспорт Федерација, одговорна за селекција на репрезентативните тимови, останува посветена на својата мисија да ја зголеми еспорт свеста и да помогне во негово официјализирање со што овие еспорт атлети ќе се здобијат со официјален статус на спортисти, ќе можат да просперираат и да ги покажат своите квалитети.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ