ESPORTS.MK

Evil Geniuses им го зададоа вториот пораз на Cloud9 во летниот сплит на LCS во 2020 година

Evil Geniuses им го зададоа вториот пораз на Cloud9 во летниот сплит на LCS во 2020 година
јули 19
18:03 2020

Goldenglue и Huni се покажаа во право светло и изиграа феноменално.

На почетокот на летниот сплит во 2020 година, многу LCS фанови веруваа дека Cloud9 ќе остане најдобриот League of Legends тим во Северна Америка.
Иако тие личеа како непобедливи, Evil Geniuses ги симнаа ”едно скалило подолу ” со тоа што им го зададоа 2-риот пораз во оваа сезона.

Evil Geniuses не се баш најконзистентниот тим кога станува збор за резултати во сплитот. Па како последица на тоа, тие се определија за драстична промена во тимот, со тоа што во прва постава ги ставија Heo “Huni” Seung-hoon на топ лејн и ново обезбедениот играч Greyson “Goldenglue” Gilmer на мид лејн.

Баш тие новодојденици ја направија разликата за EG. Goldenglue имаше одличен гејм на Зои, имајќи одлична прецизност на способностите и како резултат на тоа правеше многу штета, која му помогна на неговиот тим да намести и победи голем број на мали битки.

Huni, од друга страна имаше достојна рана игра, но огромно влијаеше врз понатамошниот дел на гејмот. Тој го заврши гејмот со најголема направена штета која изнесуваше над 26.000, додека Goldenglue имаше 2-ра најголема штета во тимот која изнесуваше над 21.000.

Овој пораз не би требало да ги загрижува фановите на Cloud9 многу, но Cloud9 треба да се загрижат малку. Нивната композиција не беше многу посебна и тие истотака беа надиграни во повеќе битки во гејмот. Се претпоставува дека ова е само една мала нерамнина на патот на C9 во нивниот поход да освојат уште една титула една по друга.

Од другата страна на рифтот, фановите на Evil Geniuses мора да се возбудени што можат да видат колку нивниот тим е способен да постигне со новиот состав. Huni и Goldenglue изгедаат одлично, но сепак мора да бидат конзистентни и да докажат дека ова не беше само среќна изведба.

Goldenglue во интервјуто после гејмот изјави дека овој тим е ”најдобриот тим во кој тој досега имал играно”, и дека тој ќе станел тренер пред да му понудеа место во EG. 23 годишниот мид лејнер потпиша само на една недела, но после овој викенд, можеме да претпоставиме дека наскоро ќе биде перменантен дел од организацијата.

EG повторно се враќаат во акција следната недела, кога LCS повторно се враќа во петок на 24 јули.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ