
Северно Американската организација Evil Geniuses го откри нивното ново лого и новиот дизајн за дресовите како дел од ребрендирањето.
Основана во 1999, организацијата го отфрли од користење логото кои според некои луѓе беше едно од најпрепознатливите логоа.
Логото не е единствената промена која организацијата ја направи, тие го променаа и изгледот на нивните дресови. Ново дизајнираниот дрес е украсен со новиот визуелен идентитет како и со спонзорите што се наоѓаат во делот на стомакот, јаките и рацете. Организацијата е партнер со Monster Enegry, Xfinity, AMD, Twtich, NEEDforSEAT, Design by Humans, FVBET и Razer.
Ребрендирањето е прилично честа работа во светот на е-спортот, особено затоа што компаниите и организациите сакаат да се вклопат во тековните дигитални трендови. Некои организации како што се: NRG Esports, Excel Esports, Complexity Gaming, MAD Lions и ESL ги задржаа своите имиња, но го сменија визуелниот бренд во 2019 година.