ESPORTS.MK

Evil Geniuses ги доминираа 100 Thieves во дебитантскиот меч на Ryoma за оваа сезона

Evil Geniuses ги доминираа 100 Thieves во дебитантскиот меч на Ryoma за оваа сезона
март 06
18:49 2021

Evil Geniuses се подобрија на 8-5 во пролетната сезона од LCS со убедлива победа над 100 Thieves, кои влегоа во овој натпревар со смена на Damonte со австралискиот мид лејнер Ryoma.

Додека Ryoma се држеше против Jiizuke– тој доби две убиства од мид лејнерот на EG, EG одлично ги надигра 100 Thieves кога станува збор за објективите. Додека убиствата беа приближно исти, кога ја завршија играта, EG уништи 11 кули, додека 100Т имаше две. Дополнително, EG повеќепати ги зонираше 100 Thieves од областа околу змејовите, обезбедувајќи два Infernals, еден Cloud, една Mountain и на крајот, еден Elder dragon.

На почетокот се чинеше дека 100 Thieves донсоа добра одлука со вметнување на Ryoma во почетниот состав. Во првите 12 минути, Ryoma имаше две од четирите убиства на 100Т, и двете беа на Jiizuke. Сепак, една лоша тимска борба ја преврти играта.

За време на подготовкара за третиот змеј на играта, 100 Thieves го фатија Svenskeren како се движи во џунглата и се обидоа да го казнат за тоа. За жал, Sven избега со својот живот, а остатокот од EG започна контра напад кон 100Т и тоа резултираше со 4-0 победа.

Оттаму, 100 Thieves , и покрај тоа што не дадоа многу убиства, не можеа да добијат контрола врз играта. По 33 минути, EG го уништи Nexus-от и ја заработи осмата победа во сплитот.

Двата тима сега се во четири насочна делба за второто место, придружувајќи им се на Dignitas и TSM, кои се судрија во првиот натпревар на денот. Доколку Team Liquid ги победи Golden Guardians, тие ќе направат пет насочна делба на втората позиција.

100 Thieves ќе имаат шанса да се вратат утре, кога играат против TSM, кој исто така го загуби првиот меч неделава. EG може да го продолжи својот моментум кога ќе играат против Immortals.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK