ESPORTS.MK

Ethan се префрли од CS:GO во VALORANT

Ethan се префрли од CS:GO во VALORANT
март 01
16:06 2021

100 Thieves објави дека Ethan “Ethan” Arnold се приклучи на VALORANT тимот.

Ethan игра CS:GO на професионално ниво уште од 2016 година. Тој има настапувано за прилично големи организации како што се: CLG, NRG и последно за екипата на Evil Geniuses.

Тој помогна EG да ги освои StarSeries и i-League Season 8 а тимот исто така заврши како топ-тиер во ESL Pro League Season 10 Americas. Пред CS:GO потполно да оди во онлајн формат поради пандемијата, Ethan им помогна на Evil Geniuses да дојдат до титулите на BLAST Premier Spring 2020 Americas, cs_summit 6 North America и ESL One: Cologne 2020 North America.

Ethan официјално ќе дебитира на VCT Challengers 3 кој започнува на 4 март. Тоа ќе биде последна шанса за тимот да се квалификува за VCT Stage 1 Masters.

Моменталниот состав на 100 Thieves:

  • Joshua “steel” Nissan
  • Spencer “Hiko” Martin
  • Ethan “Ethan” Arnold
  • Nick “nitr0” Cannella
  • Peter “Asuna” Mazuryk
  • Quan “Dicey” Tran (Не е активен)
  • Hector “FrosT” Rosario (Тренер)

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK