ESPORTS.MK

eSports ENTiTY со нов изглед повторно во акција + Галерија

eSports ENTiTY со нов изглед повторно во акција + Галерија
декември 27
17:44 2019

Клубот кој го носи името на нашиот најпознат и најдобар тим од времето на Counter-Strike 1.6 е обновен, и сега личи на едно професионално гејмерско катче.

Како што кажува сопственикот на eSports ENTiTY, Ѓоко Лабоски, некогашниот сон за вакво катче конечно стана реалност после долга и напорна работа.

Во минатото клубот има одржано голем број на национални квалификации и турнири во играта CS:GO па така и овој пат се планира тој тренд да продолжи, но овој пат во повеќе дисциплини.

Моментално ENTiTY располага со 20 компјутери, еден стриминг компјутер од каде што сите љубители на стримингот ќе можат да стримаат дирекно од клубот, еден Racing Simulator поврзан заедно со три монитори и VR, билијард и пикадо.

eSports ENTiTY клубот се наоѓа во Охрид на главиот булевар блиску до Охридска Банка доколку имате план да го посетите.

Во продолжение можете да ја погледнете галеријата која ја спремивме за вас.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ