ESPORTS.MK

eSports ENTiTY победници во националното финале на Red Bull Campus Clutch

eSports ENTiTY победници во националното финале на Red Bull Campus Clutch
април 12
18:18 2021


После одиграните квалификации, конечно стигнавме и до националното финале на Red Bull Campus Clutch, каде што победата ја издвоија eSports ENTiTY, и ќе ја имаат честа да ја претставуваат Македонија на официјалниот Red Bull Campus Clutch.

Team Zelka, eSports ENTiTY, Nasty Seed и nSC E-Sport беа тимовите кои се натпреваруваа за првото место во нафионалното финале во Македонија. Сите четири тима ги докажаа своите квалитети во квалификациите, и дека заслужуваат да бидат тука, но само еден може да биде победник.

Натпреварите се играа во формат BO3, односно подобриот од три одиграни, а првото полуфинале беше помеѓу nSC E-Sport и ENTiTY на мапата Ascent. ENTiTY влегоа како фаворити во овој меч, но и оправдано. Уште во самиот почеток обезбедија водство, и до самиот крај го држеа истото. Мечот заврши со конечен резултат од 3-13 во полза на ENTiTY, и со тоа го добија првиот меч од првиот натпревар. MVP на овој меч беше Kequeq, на агентот Killjoy, со конечен скор од 18/10/4 – K/D/A.

Вториот меч од оваа серија се играше на мапата Haven, и оваа мапа на почетокот се покажа како добра за nSC E-Sport. Започнаа агресивно, а во еден момент имаа предност од 4-1 над ENTiTY, но ENTiTY се тим кој што можат да се вратат од негатива. Со добра стратегија и одлично движење по мапата, успеаа да го вратат резултатот, но не само тоа, го завземаа водството и не дозволија nSC E-Sport да земат уште една рунда. Мечот заврши со конечен резултат од 4-13 во полза на ENTiTY, и со тоа овој тим стана првиот финалист. MVP на овој меч повторно беше Kequeq, на неговиот Raze со конечен скор од 18/12/5 – K/D/A.

Второто полуфинале се играше помеѓу Team Zelka и Nasty Seed. Во овој меч очекувавме изедначеност до самиот крај, со оглед на квалитетот на двата тима, но не беше така. Nasty Seed ја превземаа контролата во првиот меч, и во еден момент имаа резултата од 1-12 во нивна полза. Само едена рунда ги делеше од победа во првиот меч, но Team Zelka не се предаваат до крај, почнаа да редат победи, за резултатот да дојде до 6-12. Но разликата беше преголема за Zelka да се вратата, Nasty Seed успеаа да победат уште една рунда и со тоа го победија првиот меч од второто полуфинале. MVP на овој меч беше bajo, на Raze, со конечен скор од 24/16/6 – K/D/A.

Вториот меч започна на сличен начин, Nasty Seed го завземаа водството, и во еден момент резултатот беше 6-1. Но, Zelka овој пат не дозволија да се направи преголема разлика, почнаа да враќаат рунди, и со тоа се вратија во мечот. Но, Nasty Seed на резултат од 7-5, почнаа да играат поагресивно, и направија разлика од 12-5 во нивна полза. Team Zelka успеаа да вратат неколку рунди, но не беше доволно за победа. Конечниот резултат на овој меч беше 13-7 во полза на Nasty Seed, а со оваа победа, овој тим се најде во финалето против ENTiTY. MVP на овој меч беше bajo, повторно на Raze, со конечен скор од 29/13/7 – K/D/A.

Се очекување навистина возбудливо финале, со оглед на доминатијата што ја покажаа овие два тима, но се случи нешто што најмалку го сакавме. Bajo, најдобриот играч на Nasty Seed, имаше технички проблеми кои што не можеше да ги реши во дозволеното време, па Nasty Seed мораше да го откажат првиот меч, а тоа значеше службена победа за ENTiTY.

По кратка пауза, техничките проблеми беа регулирани и започна вториот меч. Почетокот беше изедначен, ниту еден тим не можеше да направи некоја поголема разлика, но по неколку промашени стратегии ENTiTY ја пронајде вистинската, успеаа да победат неколку рунди и со тоа на промената на страните да бидат во водство со 8-4. Покрај тоа што ENTiTY континуирано го имаа водството, мечот дојде до резултат од 11-12 на самиот крај. Сите се надевавме на продолжение, но ENTiTY успеаа да ја овојат последната рунда, а со тоа и мечот. MVP на овој меч повторно беше Kequeq, со конечен скор од 25/12/5 – K/D/A.

Со оваа победа eSports ENTiTY станаа победници на националното финале на Red Bull Campus Clutch, и ќе ја претставуваат Македонија на Red Bull Campus Clutch, каде што ќе земат учество 50 земји. Покрај оваа чест, сите играчи од тимот на ENTiTY беа наградени со Steel Series Arctis 1 слушалки, но имаше и тајна награда, односно Intel Phantom PC компјутер кој што ја доби Cul1s од nSC E-Sports, бидејќи имаше најмногу асистенции во еден меч на Red Bull Campus Clutch.

Целиот евент можевте да го проследите на каналот на GG.MK, каде што се делеа и многу награди за гледачите, односно пакети од Red Bull со шет лименки, а еден среќен добитник освои пакет со 24 Red Bull лименки, а главната награда која што беше доделена на еден среќен гледач, беше Steel Series Arctis 3 слушалки.

Честитки до тимот на eSports ENTiTY, и им посакуваме среќа на натпреварите во главната фаза од турнирот.

Доколку сакате да го погледнете целото национално финале, тоа можете да го направите во продолжение.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ