ESPORTS.MK

Еспортот во едукацијата

Еспортот во едукацијата
февруари 10
11:19 2021

Од месец во месец се повеќе можеме да забележиме придобивки и разни успеси во кариерите на луѓето што успешно ги вплотиле видео игрите и еспортот во едукацијата.

Ако ги разгледате студентите од катедрата на еспорт од Универзитетот во Харисбург од Пенсилванија, САД, ќе забележите дека сите тие се со разична позадина и доаѓаат од различни места и дека се заинтересирани за разни работи од светот на еспортот, зборува Chad Smeltz, директорот за еспорт од овој Универзитет.

Компетативниот гејминг, сега веќе дел од многу училишта, се повеќе се стрима на нашите екрани од секаде во светот, менувајќи го влијанието на видео игрите во нашите животи. York Suburban се придружува на оваа промена со нивната еспорт лига, The YSEL, која е водена од професорката по англиски јазик, Casey Reider.

Нејзините студените ја претстауваат оваа лига во HSEL, еспорт лигата на средни училишта во САД, каде се играат игри како Fortnite, шах и Super Smash Brothers, вели таа.

Овој winter challenge, кој воедно е тринеделен настан каде студените играат неколку вечери и се натпреваруваат за награди кои можат да достигнат награден фонд од 15.000 долари во вид на стипендии, правејќи ја наградата дотолку повеќе примамлива.

Помагајќи на студентите да го достигнат „наредното ниво“, Smeltz знае од прва рака кои се придобивките на учестувањето на ваквите лиги.

Секогаш има разни работи кои традиционално можете да ги видите во другите пазари што се однесуваат на еспортот или за некој кој е заинтересиран за еспорот. Комбинирајќи ги нивните интереси со гејмингот и еспортот може да се добие успешна кариера на тоа поле. Многу сум благодарна на директорот за еспорт на Универзитетот во Харисбург.

Спонзорства, маркетинг и тековни настани се само едни од многуте полиња на еспортот каде што може да се има високо платена и ценета кариера.

Smeltz додава дека има потполна и целосна индустрија тука и не го опфаќа само создацањето на видео игрите. Повеќето од новите генерации имаат израснато со гејмингот, а денес особено тоа е повеќе интересно бидејќи луѓето можат да се стримаат на Twitch или било која од другите платформи и да го гледаат еспортот како се случува во живо, што тоа само по себе ги облагородува видео игрите како никогаш до сега.

Спојувајќи ги интересите на нејзините студенти со знаењето што таа им го пренесува, таа прашува: „зошто да не им дозволам да изберат да пишуваат за што тие сакаат? И ако тие сакаат да пишуваат за видео игрите, тогаш таа слобода на моите часови ја имаат и ќе се борам да им помогнам во таа мисија на било кој можен начин. Тие ќе имаат подобри резултати на училиште ако искрено се заинтересирани за темата. На студентите им треба „издувен вентил“, а во таа улога видео игрите се вклопуваат совршено.“

Можеби ситуацијата во Македонија е поразлична од онаа на САД, но повеќе од сигурни сме дека тие имаат доста „фурни леб“ да јадат за да ги стигнат нашите средношколци и студенти и да дојдат до нашето ниво. Имаат само блага предност на тоа поле, но убедени сме дека кога ќе ги имаме нивните услови во нашиот едукативен систем, што порано или подоцна ќе се случи, ќе можат да дојдат кај нас преку студентска размена за да им покажеме како тоа навистина се гејма.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK