ESPORTS.MK

Еспортот со нови партнери надвор од матичната индустрија

Еспортот со нови партнери надвор од матичната индустрија
декември 14
21:05 2019

Во текот на минатата недела, еспорт индустријата во Кина почна да „оладува“ како што се наближува крајот на 2019 година. Во овој период се случија доста нови партнерства, но дали тие ќе се вредни треба да одлучите самите Вие.

Меѓу најинтересните ги издвојуваме фаст фуд ланецот KFC кој стапи во партнерство со четири победници од LoL World Championship, Tencent Esports пак стапи во партнерство со China Media Group за да оддржуваат натпревари и разни содржини на интернет, LCD Gaming се ребрендираше за својата јубилејна 10 годишнина, а компанијата за обложување Mr. Cat воспостави контатки и соработка со livestreming компанијата Huomao и потпиша спонзорски договор за Blast Pro сериите, CS Summit и EPICENTER.

Најинтересна, барем за нас, е веста што ланецот за брза храна KFC почна да соработува соминатите и актуелните победници од LoL World Championships се со цел да рекламираат и продаваат кафе.

На 9. декември KFC објави реклама за кафе на кинеската социјална медиа Weibo, каде што како „главни актери“ се појавија Gao “Tian” Tianliang и Liu “Crisp” Qingsong од еспорт организацијата FunPlus Phoenix и Kang “TheShy” Seung-lok и Yu “JackeyLove” Wenbo од еспорт клубот Invictus Gaming.

Партнерството има за цел да го промовира новиот бренд на кафе на KFC со име „К Coffee“, а секој играч има свој ексклузивјен дизајн на чаша за кафе. KFC ќе ја продаде целата лимитирана серија од 18.96 милиони чаши со бреднирано кафе ширум Кина.

Оправдувате ли ваков подвиг на големите корпорации или сметате дека е ова вид на „unholy“ брак помеѓу овие два субјекта? Вашите размислувања ги очекуваме во коментарите подоле.

Извор: mesf.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ