ESPORTS.MK

Еспортот повторно како рамноправен спорт на Азиските Игри во 2022 година

Еспортот повторно како рамноправен спорт на Азиските Игри во 2022 година
декември 17
00:26 2020

Азиската Федерација за Електронски Спорт (АФЕС) со гордост објавува дека Организацискиот Комитет на Азиските Игри на Хангжу и Кинескиот Олимписки Комитет (КОК) предлагаат вклучување на еспортот на Азиските Игри во 2022 во Хангжу, Кина.

Овој предлог се поднесе за време на 39. Генерално Собрание на Азискиот Олимписки Совет (АОС), а позитивната вест особено го израдува сето азиско еспорт компјунити. Овој исход е само чекор напред на правиот пат бидејќи еспорт комјунитито веќе долго време се обидува да го донесе еспортот поблиску до обичниот човек. Покрај ова, прифаќањето на овој предлог значи и чекор поблиску до најголемата сцена од сите, а тоа е Олипијадата. Како дел од овој историски предлог за еспортот, на настанот присуствуваа и Претседателот на Генералното Собрание на АОС, Кенет Фок и Генералниот Директор на АФЕС, Себастијан Лау.

Еспортот од неодамна до сега бил дел од Азиските затворени и боречки игри во 2017 година во Ашгабат, Туркменистан и Азиските игри во 2018 година во Џакарта-Палембанг. Во 2019 година во Манила, SEA Игрите испишаа историја како прв регионален мултиспортски настан на кој еспортот беше вклучен како официјален и рамноправен спорт. Залетот продолжува и во 2021 година каде еспортот повторно е биде дел од 2021 SEA Игрите во Ханои, Виетнам и Азиските затворени и боречки игри во 2021 во Чанбури, Тајланд.

Една од главните точки на разговор на 39. Генерално Собрание на АОС, кое патем се одвиваше онлајн поради Ковид-19 пандемијата, беше растечкиот тренд и влијание на еспротот. За време на овој состанок АФЕС го презентираше својот извештај кој што хронолошки го имаше заведено развојот и прогресот на еспортот ширум Азија на начин што ги подвлече инклузијата на еспортот во поголемиите регионални спортски настани во минатите години. Извештајот беше доставен и до АОС и до сите Национални Олимписки Комитети (НОК) во Азија. За целосно да се искористи потенцијалот и да се постигне максималното покривање на еспортот во регионот, важноста за инклузијата на оваа растечка индустрија во најголемиоте спортски настани во регионот не смее да биде потценета.

Како што е добро познато, ние сме основачите на еспортот на нашите Азиски Затворени Игри во 2007 година, вели Претседателот на АОС, Шеикот Ахмад Ал Фахад Ал Сабах. АФЕС е предводена од Г-динот Фок, а тој, заедно со мене ќе го промовира еспортот ширум Азија, додава тој.

Додавањето на еспортот на Азиските игри во 2022 година во Хангжу ја одсликува посветеноста на АОС за еволуирање и програсирање на еспортот. АФЕС со нетрпение чека блиска соработка со АОС, КОК, Лигата на Шампионите како и останатите НОК при организрање на најуспешниот еспорт настан до сега. Еспортот е поблиску до неговата вистинска позција од било кога на компетативната спортска сцена, а ние очекуваме само континуиран и квалитетен напор од сите оние кои се дел од ова.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK