ESPORTS.MK

Еспорт, мотор без знаци на забавување

Еспорт, мотор без знаци на забавување
декември 21
22:15 2019

Во текот на 2019 година, феноменот на еспортот не покажа никакви знаци на забавување. Бројката на публика и интеркација на оваа тема на самиот интернет е веќе толку голема што се смета за „традиција“ за еспортот и за наслови како Dota2 и CSGO. Во меѓувреме, се повеќе и повеќе се мати линијата меѓу физичките и виртуелните спортови, а турнирите на игрите како NBA2K и FIFA дури добиваат телелвизиска покриеност. Последно, но не најмалку важно, сведоци сме на тоа како тинејџерот Kyle ‘Bugha’ Giersdorf освои одлични 3 милиони долари како победник на Fortnite World Cup.

Сите овие работи потврдуваат дека еспортот е сериозна индустрија, сфатена сериозно од развиените земји, но и некои што се во развиток што значи дека повеќе од сигурно, иднината на есрпотот е доста светла. Сепак, ова сеуште е само зачеток и очекувајте уште еволуција на овој феномен како што ќе влегуваме во третата декада на овој милениум. Ајде да погледнеме некои од важните фактори кои се во игра.

Повеќе диверзитет него било кога
Само различните игри што се споменати погоре во овој текст е доказ за сиот тој диверзитет кој го поседува еспортот. Дури на момент наликува и на санта мраз што само срамежливо го покажува својот врв над водата. Веќе постои растечки тренд околу социјалниот гејминг, каде луѓето можат да играат со своите пријатели или тотални странци. Оваа шема може да се види буквално насекаде, од игри со зборови, онлајн билијард, па се до разните казино игри. Не тешко да се замисли сите овие мали игри и начин на играње да донесат нови глобални структури на турнирите во еспортот.

Географска експанзија
До денес се уште постои некаква „невидлива“ пристраност кон САД кога стануа збор за најголемите еспорт турнири и финалиња. Сепак тоа е тешко оддржливо имајќи на ум дека еспортот ужива огромна популарност на азискиот континент. Од 2020 година, Overwatch League и Call of Duty World League ќе станат навистина глобални. Тоа е одлична вест за фановите на Европа и Азија. Ќе овозможи нивните еспорт херои да играат на настани што би се оддржале во нивната земја, а и ќе се прошири спектарот на пренос на овие настани поблиску до истите фанови. Сето ова е рецепт за поголеми спектакли и растечка фанбаза.

Зголемената важност на мобилните игри
Мобилните игри како Arena of Valor беа на почеток „одбрусени“ од некои како „eSport Lite“, но не за долго. Има се повеќе и повеќе еспорт игри кои се трансферирани или специјално напишани за мобилните апарати секоја недела, а сето тоа ќе добие ветер во грбот кога новата 5G мрежа ќе стане глобална. Сите овие работи ќе придонесат овој поджанр да ја продолжи својата растечка фаза и да донесе возбуда во новата 2020 година.

Половата разлика
Жените и спортот, жените и гејмингот, двете се потенцијално спорни теми. Половата разлика во спортот општо е тема што е присутна уште од самиот почеток. Спортските тела ширум светот работат на овој проблем, а популарноста и гледаноста за настани од типот на Women’s Soccer World Cup велат дека има прогрес на ова поле. Од перспектива на еспорт, не постојат физички пречки за тоа мажите и жените да се натпреваруваат еднакво на сите настани. Покарај овој факт, мнозинството на професионални еспорт играчи останува да е машко. Дали ќе видиме промена на ова поле во 2020 година? Како што се шири гејмерскиот спектар, најверојатно тоа и ќе следи, но сега за сега се што можеме да правиме е да гледаме и чекаме.

Извор: mesf.mk

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ