ESPORTS.MK

Esport Adria со прв VALORANT турнир

Esport Adria со прв VALORANT турнир
јули 30
21:20 2020

Esport Adria го претстави нивниот прв турнир во серијата турнири под името EA Heroes која ќе им овозможи на сите регионални играчи турнири за одлични парични награди.

Првата игра која ќе ја отвори оваа серија ќе биде VALORANT, а наградниот фонд за овој турнир ќе биде 500 евра. Целокупниот фонд ќе биде наменет само за прво место.

За натпреварувањето можете да се пријавите на овој ЛИНК. EA Heroes турнирите се достапни само за играчите од следниве држави: Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Албанија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Турнирот ќе започне на 01.08.2020 во 14:00 часот. А пренос на едно од полуфиналињата и финалето ќе бидат дирекно прикажани на Esports Adria каналите.

Сите мечеви до полуфиналето ќе се играат во BO1 формат, а полуфиналето и финалето ќе биде одиграно во BO3 формат. Максималниот број на екипи кои ќе можат да се пријават за овој турнир е 32, а сите учесници мораат да се запознаат со оснонвите правила на турнирот.

Се надеваме дека некоја наша екипа ќе се истакне и ќе го освои овој регионален VALORANT турнир.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK