ESPORTS.MK

ESL со измени за ESL One Cologne и IEM Melbourne

ESL со измени за ESL One Cologne и IEM Melbourne
мај 05
17:37 2020

Еден од најлегендарните турнири низ годините ќе биде одржан онлајн поради последиците од корона вирусот.

ESL објави дека нивните два претстојни големи евенти, ESL One Cologne и IEM Melbourne, нема да се одржат како настани во живо. IEM Melbourne е префрлен за 2021година а пак додека ESL One Cologne ќе се игра онлајн и истиот ќе биде емитуван. Сето ова е како резултат на тековните регулативи за големите собири во Германија и Австралија.

Објавувањето следи по официјалната одлука на Германија дека не може да се одржуваат големи собири до крајот на август поради пандемијата на корона вирусот, која веднаш го стави ESL One Cologne, кој требаше да се одржи од 6-12 јули, под ризик.

ESL One Cologne 2019

Со слична ситуација во Австралија, ESL одлучи да ги одложи настаните во живо на ESL One Cologne и IEM Melbourne до 2021 година, со сите купени билети кои важат за евентите има рефундациите кои се достапни до крајот на 2020 година.

Овој годишниот ESL One Cologne ќе се претвори во „пренесуван турнир без жива публика“, што ќе се одржи на 21-30 август.

Конечните детали за турнирот допрва треба да бидат објавени, бидејќи ESL наведуваат дека бараат да се најде „решение кое е најдобро и најбезбедно за играчи, тренери и вработените“, не откриваат дали на турнирот екипите ќе играат во LAN средина, како што беше на IEM Katowice 2020, или целосно онлајн, како што беше ESL Pro League Season 11.

Во врска со настаните од следната година, ESL објави дека турнирот во живо ESL One Cologne во 2021 година ќе се одржи од 16-18 јули, во продолжеток околу IEM Melbourne тој е откажан за 2021 година, но истиот ќе се одржи во „Rod Laver Arena“ и ќе биде дел од Melbourne Esports Open, кој ќе се одржи на 21-22 август 2021 година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK