ESPORTS.MK

ESL ONE Rio Major 2020 откажан

ESL ONE Rio Major 2020 откажан
септември 10
13:14 2020

ESL објави дека го откажува најголемиот настан во CS:GO за 2020 година.

Поради COVID-19 пандемијата, ESL го откажа единствениот major за 2020. Во соопштението, организацијата вели дека настанот не може да се оддржи со сегашната ситуација во која што се наоѓа Бразил поради пандемијата.

Ние работевме на повеќе верзии до последниот момент за овој Major да се оддржи, но мораме да се соочиме со фактот дека моменталната ситуација со пандемијата не дозволува да се оддржува настан од овие размери. Нови датуми ќе бидат објавени наскоро откако ќе бидеме сигурни дека оддржувањето на ваков вид на настан е безбедно. Сите купени влезници ќе останат валидни, а, исто така ќе може да се вратат средствата доколку тоа се побара.
– Велат од ESL.

 

ESL One Rio првично беше закажан за 11-24 Мај, но после беше преместен поради рестриктивните мерки што беа воведени од сите влади во светот за да се спречи ширење на вирусот.

ESL исто така објави нов турнир во замена на крајот од оваа година. Тој настан, Intel Extreme Masters Global Challenge ќе има награда од 500,000 долари и е закажан за 15-20 Декември во Келн, Германија.

ESL ќе има уште два онлајн турнири оваа Есен. IEM New York ќе се игра од 6ти до 25ти Октомври, а, IEM Beijing-Haidian ќе се игра во Ноември. Наградниот фонд за двата турнири посебно изнесува 250,000 долари.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK