ESPORTS.MK

ESL и DreamHack се споија

ESL и DreamHack се споија
октомври 02
13:04 2020

Двете најголеми организации за организирање на турнири во еспортот, се споија.

Директорите на ESL Ralf Reichert и Craig Levine ќе ја водат новата компанија која се вика ESL Gaming. Директорот на DreamHack, Marcus Lindmark ќе продолжи да го води гејмерскиот фестивал што се одржува во Северна Америка и Европа.

Во 2015 година, Modern Times Group го купи DreamHack, а исто така откупи и голем број на акции во ESL таа година. До сега, двете компании работеа одвоено, но, тие разменуваа ресурси во текот на годините. Со ова спојување тие веруваат дека ќе го забрзаат процесот во нивната мисија за “обликувањето на иднината во еспортот и гејмингот”.

ESL Gaming е еден од најголемите организатори на турнири без да биде во сопственост од издавачите на игри или еспорт тимовите. Како такви, тие организираат настани за различни игри. На еден типичен фестивал од DreamHack, можете да гледате врвни професионалци како се натпреваруваат во Super Smash Bros. Ultimate, Rainbow Six Siege, Rocket League, Hearthstone и други.

Претходно оваа година, пред почетокот на пандемијата Ковид-19, ESL и DreamHack склучија договор со Blizzard за организирање на професионални настани за игрите Starcraft II и Warcraft III: Reforged. Организациите исто така имаат организирано и major настани во Counter-Strike: Global Offensive и Dota 2 за Valve.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK