ESPORTS.MK

ESIC банира 35 CSGO играчи за обложување на своите мечеви

ESIC банира 35 CSGO играчи за обложување на своите мечеви
март 10
11:23 2021

Поради обложување на сопствените мечеви, 35 Австралијски CSGO играчи добија бан.

ESIC додели 35 банови на исто толку играчи во Австралија поради фактот што прекршиле член од Актот за Анти-Корупција. The Esport Integrity Commision (ESIC) објави дека овие играчи се обложувале на мечеви на кои самите тие настапуваат.

Комисијата исто така разјасни дека овие играчи не само што се обложувале на сопствени мечеви во Австралија, туку и на мечеви од Европа и Северна Америка. Покрај овие, на уште два играчи со претходни обвиненија им е продолжена мерката бан.

Во текот на неколку изминати години, ESIC истражуваше случаи на прекршоци со опклада како и оние со сомнеж за манипулирање со мечеви на глобално ниво. Додека проблемот не е уникатен за ESEA настаните, целта на ова е да се почуствуваат резултатите од истрагите за ваквите однесувања во австралиската CSGO, велат од ESIC во официјална изгава.

Бановите движат од најосновни санкции од бан од 12 месеца, па се до најстрогиуте санкции кои диктираат бан од 60 месеци. Целосен лист на банираните играчи може да се види тука.

Бановите кои се облеоденети денес не се во врска со местење на мечеви, објаснуваат од комисијата. Сепак ESIC велат дека има голема шанси допрва ќе поднесат обвиненија за местење на мечеви кои ќе произлезат од нивните тековни истражувања, потенцијално против играчи кои се санкционирани со овој бран на банови, објаснуваат тие.

Обвининенијата покренати од ESIC против 35 играчи се состојат од: обложување на мечеви на настани оддржани од членките на ESIC, обложувње на сопствен меч на настани оддржани од членки на ESIC како и обложување против сопствениот тим на мечеви за време на настани кои се организирани од членките на ESIC.

Истрагата покажа дека има вмешаност и на индивидуи кои не се играчи и кои не подпаѓаат на јурисдикцијата на ESIC. Овие индивидуи ќе бидат проследени до службите за безбедност и до инстиуциите поради кршење на кривичниот законик.

Од комисијата велат дека обвинетите можат да побараат увид во доказите од постапката како и на самиот бан.

Увидите кои се поврзани со доказите во сопственост на ESIC се повеќе од добредојдени од секој играч кој добил вакво обвнинение. Овие увиди не се сметаат за жалба или приговор и поради тоа нема да подложат на трошок за истото, велат од комисијата.

Изјавата на ESIC е наведено дека се бара од играчите-членки да се воздржат од обложување на мечеви од кои тие имаат приход. Не само што го уништува интегритетот на еспортот во целина, но исто така може да создаде голем проблем со службите за безбедност и полицијата.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK