ESPORTS.MK

EPIC League се враќа во Март

EPIC League се враќа во Март
февруари 09
16:34 2021

Epic Esports Events ја најавија третата сезона на Epic League.

Турнирот ќе се одржува од 2ри до 21 Март и во него ќе се натправаруваат шеснаесет тима од Источна и Западна Европа.

Групната фаза на EPIC League ќе се игра во швајцарски формат и ќе трае од од 2ри до 13ти Март. Најдобрите осум тима ќе се квалификуваат во playoff серијата на горната дивизија, која ќе трае од 14ти до 21 Март, и ќе се натправаруваат за 85.000 долари.

Осумте тима кои што нема да успеат да влезат во playoff серијата од горната дивизија, ќе играат во playoff серија од долната дивизија, која ќе трае од 15ти до 21ви Март, и ќе се натпреваруваат за 15.000 долари.

Сите натпревари од playoff серијата ќе бидат во формат, најдобар од три одиграни партии, освен финалето на горната дивизија, која ќе биде најдобар од пет одиграни партии.

Овој турнир ќе се одигрува во периодот кога ќе заврши првиот дел од DPC сезоната, а пред почетокот на Singapore Major.

Сеуште не е објавено кои тимови ќе играат на овој турнир, но со оглед на тоа дека Singapore Major започнува на 27ми Март и најдобрите тимови од сите региони би играле на тој турнир, можно е на овој турнир да играат тимови од понизок ранг или тимови кои не биле повикани на Singapure Major.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK