ESPORTS.MK

ELiGE открива расистички CSGO професионалци од Depth Esports, добиваат експресен отпуст!

ELiGE открива расистички CSGO професионалци од Depth Esports, добиваат експресен отпуст!
февруари 11
14:42 2021

Depth Esports ја објавија својата целосна листа на играчи од кога Jonathan “EliGE” Jablonowski од Team Liquid сподели докази кои докажуваат за проблематично однесување на поранешните играчи надвор од серверот.

Токсичноста знае да биде секојдневна работа во CSGO мечевите, но најчесто се игнорира и се смета за црн хумор. Кротките обиди на Valve да ја стави под контрола токсичноста не се смeнетени многу, што им дава за слобода на некои играчи да си прават како што сакаат. Од кога играта стана бесплатна за играње, се повеќе играчи го злоупотребуваат чатот, ширејќи омраза меѓу своите непријатели, но и спрема своите тимски играчи.

Слично нешто беше забележано на Twitter кога еден корисник објави скриншот од CSGO чатот. Играч под името snav оставил навистина екстремни и безосетни коментари за неговите противници.

Овој скриншот од Twitter е пример за типичен токсичен чат што може да биде смешен во било кој CSGO меч. Со тек на времето, оваа објава зема замав, а со тоа стигна и до бројни CSGO играчи меѓу кои топ про играчот ELiGE, кој ни откри дека всушност тој го знае спорниот играч што ја започна оваа работа. Рафалиерот на Team Liquid објасни дека snav всушност е професионален играч од Depth Esports, тим кој игра во FPL Circuit.

Играчот исто така потенцираше дека snav и неговите соиграчи често користеле расистички и сексистички шали во и надвор од серверите. Тој ги зацврсти своите искази со серија на скриншотови, облеоденувајќи го лошиот јазик користен од играчите на Depth Esports во дискорд чат.

Depth Esports играчите дисквалифкикувани и тргнати од FPL Circuit

Повеќе од очигледно е од скриншотовите дека тимот слободно си користеле навредливи термини према останатите играчи. Сосема не е долично за било кој професионален играч, зад кој стои организација, да користи таков јазик, па затоа санкцијата беше доста брза и ефикасна.

Додека Valve знае да „прогледа низ прсти“ за вакви проблеми меѓу своите играчи, продукт менаџер од FACEIT ја забележа оваа ситуација и ги отстрани Shane “shane” Dressler, Wyatt “snav” Phillippi, Derek “dare” Brown и Havok од FPL Circuit.

Извинете што ова траеше повеќе од потребното. Што тие говорат и како тие се однесуваат спрема останатите, дури и надвор од FPL, е недопустливо. Продолжуваме да разгледуваме слични луѓе со слични однесувања што се дел од FPL и према нив ќе превземеме слични акции, додава продукт менаџерот од FACEIT, Амир.

The Depth Esports организацијата доста брзо беше воведена во деталите на ситуацијата и објави официјална изјава на оваа тема. Тие се оградуваат од сите играчи кои демонстрирале ваков однос и ја прекниуваат секоја соработка со нив.

Основачот на Depth Esports, Jonathan Levitee, подоцна објасни дека Ethan “reck” Serrano не бил директно инволвиран во оваа драма. Сепак одлуката останува за целиот тим, вклучувајќи го и reck се со цел да се спречи било каква „дополнителна штета“.

Проблемот со играчите на Depth Esports кулминираше со позитивна нота само затоа што друг професионален CSGO играч ја допре оваа тема. Додека играчите беа „кикнати“ од про сцената, нивните акции излегоа на виделина. Ужасно е страшно кога повеќето токсични играчи сеуште успеваат да поминат неказнети за нивниот однос ingame. Valve можеби ќе сака да развие подобра стратегија за детектирање и дисциплинирање на нападни играчи.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK