ESPORTS.MK

Elder Dragon слета во Шангај

Elder Dragon слета во Шангај
октомври 30
19:15 2020

Riot ги воодушевија навивачите на LoL во Шангај со поставување на најголемата статуа на LoL некогаш направена како најава за големото финале на СП 2020 што ќе се одржи во сабота.

Во сабота, на 31 октомври во 11 часот по локално време DAMWON Gaming и Suning ќе одлучат кој ќе биде новиот светски шампион во LoL. Финалето ќе се одржи во величественото издание на фудбалскиот стадион Пудонг, на кој ќе примат околу 6.000 навивачи, односно само дел од неговиот капацитет од 33.000 места, во согласност со сите мерки за спречување на коронавирусот. Ова воедно ќе биде единственото големо спортско натпреварување оваа година во Кина што ќе се одржи во присуство на публика, што само го потврдува угледот на LoL esport во оваа земја.

Недостатокот на публика на лице место Riot ќе се обиде да го надомести со VR анимации што досега не сме ги виделе според нив, а фановите ќе бидат пречекани со статуата на Elder Dragon, која моментално се наоѓа во подножјето на Ориенталната бисерна кула во Шангај. Elder Dragon е висок осум метри, а неговата должина е дури 20 метри, па затоа е и најголемата статуа на LoL што некогаш е направена.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK