ESPORTS.MK

еЕуро квалификациите завршија, имаме репрезентација за на европско!

еЕуро квалификациите завршија, имаме репрезентација за на европско!
јануари 23
20:04 2021

Со крајот на квалификацискиот турнир во организација на Македонската Еспорт Федерација и Фудбалската Федерација на С. Македонија, конечно ги добивме двајцата претставници кои ќе играат со Македонија на претстојното Европско Првенство, еЕуро2021, во играта Pro Evolution Soccer 2021 на PlayStation 4.

Минатиот викенд се организираше предквалификациски турнир каде што сите играчи ширум нашата земја имаа шанса да се пријават и да бидат дел од 4ката. што се сретна денес со веќе добро познатите носители на позиции, Иван Иванов, Јакуп Максути, Давид Гаревски и Ниметула Даути, заслужени по основ на претходен успех од минатите години. Најдобрите двајца од С. Македонија одат како наши репрезентативци да не претставуваат на европските квалификации каде ќе се борат за пласман за главното натпреварување.

Од преку 30 пријавени играчи и цел ден квалификување, како најдобри се покажаа Антонио Стевановски, Ташко Илијев, Христијан Крстев и Панче Петров. Тие денес играа со минатогодишните прваци и навистина понудија одлични игри преку кои ги измерија своите сили и дојдоа до најдобрите двајца од овие вкрстувања.

Денес, по елеминациската фаза, своето место во полуфиналето го заслужија Иванов, Илијев, Даути и Гаревски каде се вкрстија по ист редослед, а Илијев и Гаревски завршија со резултат од 3:0 во мечеви и со тоа се крунисаа како финалисти, но и како претставници на С. Македонија на претстојните квалификации на Европско Првенство.

Во процедуралниот дуел за тоа кој ќе биде капитен од нашите најдобри двајца еФудбалери се избори Илијев со меч победа од 3:1 врз Гаревски, а со тоа стана и неофицијално победник на националните квалификации.

Следните мечеви за Илијев и Гаревски се очекуваат да се оддржат некаде во месец февруари кога е потесниот круг на европските квалификации за ова првенство и им посакуваме многу среќа против нивните европски противници.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ