ESPORTS.MK

Душко “BoraNija” Боранијашевич го напушти тимот на Mudgolems

Душко “BoraNija” Боранијашевич го напушти тимот на Mudgolems
декември 09
20:16 2020

Душко “BoraNija” Боранијашевич, српскиот мид играч, најави дека повеќе не е дел од тимот на Mudgolems, тимот што беше оформен од Adrian “Fata” Trinks и Neta “33” Shapira.

Мидлејнерот на тимот, BoraNija, го напушта ростерот одкако завршија на последното место во првата Дивизија на EPIC League и се најдоа во плејоф серијата на втората Дивизија.

Тимот на Mudgolems се формираше пред почетокот на BTS Pro Series Season 3: Europe/CIS каде што го освоија второто место. После овој турнир се квалификуваа на ESL One Germany каде што успеаа да ги победат во тој момент најсилниот тим на сцената, Team Secret.  На крај  Mudgolems освоија трето место на овој турнир.

После ESL One Germany тимот почна да покажува послаби резултати. Турнирот DOTA Summit 13 Online: Europe & CIS  го завшија со делба од 5то до 8мо место и сега последно место на EPIC League.

Со тоа што за еден месец започнува новата DPC сезона, можеме да бидеме сигурни дека BoraNija ќе најде друг тим, а што се однесува за Mudgolems, моментална замена за BoraNija е Daniel “Stormstormer” Schoetzau.

Дали Stormstormer ќе остане во Mudgolems останува да видиме.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK