ESPORTS.MK

Dota2 имплементира overwatch систем

Dota2 имплементира overwatch систем
февруари 01
15:29 2021

По највата на Valve дека Dota2 ќе добие overwatch систем, што е сличен како оној на CSGO, што ќе регулира играчи со негативно однесување, пачот конечно ни пристигна.

Overwatch ќе функционира слично кај Dota2 како кај CSGO, каде членовите на комјунитито ќе можат да ги веруфикуваат пријавувањата на останатите играчи кои на било каков начин ја нарушуваат играта. Valve го објасни овој систем прегу пост на блог за Dota2.

Доколку играч ќе сака да прегледа некој случај, тие ќе можат да погледнат демо од спорниот меч со претходно облележани секции што индицираат на можно негативно однесување од играчот. По разгледувањето на снимката тие ќе можат да се гласа за виновен или невин, но и ќе има трета опција односно недоволно докази за двете.

Играчите ќе можат да пријават сомнителни играчи на самата бодовна табела или со кликнување на знамето на портретот на херојот. Ќе може исто така да се користат маркирања кои ги сметате за спорни со цел да се направи прегледот на вашиот приговор полесен и полесно да се обележи. Играчите сега ќе имаат и одреден пул на пријави за Overwatch. Пријавата на играч на Overwatch ќе искористи еден Overwatch слот, без разлика колку пати сте го пријавиле тој играч за време на играта.

Комуникациските пријави се третираат малку поинаку, треба да се знае дека комунуикациските пријави се поинакви од оние на Overwatch системот, но можат да се извршат на самиот екран по крајот на играта. Со овој ситем, наместо да се спречи играчот да пишува или збори преку системот за комуникација на Dota2, овие пријави ќе го мјутнуваат за вас спорниот играч како прв превземен чекор. Како резултат на тоа, останатите играчи можат да изберат дали ќе одмјутнат баниран играч или пак не.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK