ESPORTS.MK

Dignitas го потпиша легендарниот квартет на NiP играчи

Dignitas го потпиша легендарниот квартет на NiP играчи
јануари 21
21:05 2020

Dignitas официјално се врати во машката CSGO сцена со потпишувањето на легендарниот квартет на стариот NiP и Håkon “hallzerk” Fjærli и Robin “Fifflaren” Johansson стана главен тренер на тимот.

Овој потег ги потврдува минатогодишните трачеви за враќањето на Dignitas во CSGO, во која организацијата во последниот период имаше само женски тим од средината на 2018 година.

Во нивната нова постава се наоѓаат четворица играчи од оригиналниот ростер на NiP, Christopher “GeT_RiGhT” Alesund, Patrik “f0rest” Lindberg, Richard “Xizt” Landström, and Adam “friberg” Friberg, кој го сочинува најдолготрајниот квартет, играјќи заедно скоро пет години од 2012-2017 година.

Подигнување на трофејот после освојување на турнирот ESL One Cologne 2014

Последниот играч на овој ростер е Håkon hallzerk Fjærli кој во последните две години во главно го направи своето име во организацијата Nordavind, неодамна и помогна на норвешката организација да се квалификува за ESEA MDL Europe Season 33. Младиот играч беше избран како еден од можните Топ20 играчи според HLTV ранк листата, од страна на неговиот сонародник Håvard “rain” Nygaard, со зборовите „наредниот голем играч што ќе доаѓа од Норвешка ќе биде hallzerk“.

Ростерот што ќе ја претставува организацијата на Dignitas е следниот:

Patrik f0rest Lindberg
Richard Xizt Landström
Christopher GeT_RiGhT Alesund
Adam friberg Friberg
Håkon hallzerk Fjærli

 Robin Fifflaren Johansson (тренер)

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK