ESPORTS.MK

Dev1ce го напушти Astralis и се придружи на NiP

Dev1ce го напушти Astralis и се придружи на NiP
април 23
13:03 2021

CS:GO легендата Nicolai ‘dev1ce’ Reedtz ја напишти данската организација после 6 години активно играње за да се придружи на Ninjas in Pyjamas.

Веста дојде како шок за навивачите и покрај трачевите дека во Astralis ќе има промени. Никој не очекуваше дека промената ќе биде токму dev1ce.

Од Astralis открија дека трансферот беше лично побаран од dev1ce кој сака да работи надвор од Стокхолм и „сепак да биде во можност да има тим и организација блиска до него“.

Би сакал да им се заблагодарам на Astralis за нивното разбирање и соработката во сето ова. Влегувам во проект во кој навистина верувам и со нетрпение очекувам да започнам едно ново поглавје во мојата кариера. Едвај чекам да започнам со тренинг и мечеви со мојот нов тим и моите нови соиграчи.

– Изјави dev1ce.

Astralis и dev1ce се договорија да не даваат никаков коментар во врска со финансиските детали. Dev1ce ќе остане во NiP следните три години, потврдија од организацијата.

За време на неговото време со Astralis, dev1ce го зацврсти своето место во CS:GO Hall of Fame.

Новиот состав на Ninjas in Pyjamas изгледа вака:

  • Nicolai ‘dev1ce’ Reedtz
  • Fredrik ‘REZ’ Sterner
  • Nicolas ‘Plopski’ Gonzalez Zamora
  • Tim ‘nawwk’ Jonasson
  • Hampus ‘hampus’ Poser
  • Björn ‘THREAT’ Pers (Тренер)

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK