ESPORTS.MK

Dawnbreaker, нов херој во Дота 2, големи промени донесе новиот 7.29 пач

Dawnbreaker, нов херој во Дота 2, големи промени донесе новиот 7.29 пач
април 10
11:01 2021

Вчера вечерта беше пуштен новиот 7.29 пач, со него донесе нов херој, промени во мапата, промени и отстанување на некои итеми, и многу промени во најголем дел од хероите.

Dawnbreaker е најновиот херој во Дота 2. И покрај тоа што сите мислеа дека Селемене ќе биде новиот херој, поради случувањата во серијата Dota:Dragon’s Blood, Valve имаше други плнови.

Станува збор за тенк/кери херој, кој примарен атрибут му е сила, но може да се игра на неколку начини. Овој херој има магии за уништување, лечење и телепортација.

Едни од најзначителните промени се во мапата, како и во промена и отстранување на одредени итеми. Нови рунови се додадени во играта, наречени Water Power Runes, кои се појавуваат на реката само во втората и четвртата минута од играта, и инстантно лечат 100 енергија и 80 мана.

Отстранувањето на итемите Necronomicon и Royal Jelly, со што се ослабуваат неколку херои, посебно херои како Beastmaster и Lycan. Исто така, промена во итемите што можевме одма да ја приметите е отстранување на блинк ефектот на Abyssal Blade, Helm of the Dominator сега може да контролира два неутрални крипови и Divine Rapier повеќе нема True Strike.

Играта сега започнува само со еден телепорт за хероите, а не со три, но добива еден телепорт во случај да умре херојот. Намалување на цената на вардовите од 75 на 50, но и намалување на областа која ја покрива од 1000 на 900.

Исто така играчите ќе треба да се навикнат на новата мапа, односно промената на патиштата, мала промена на локацијата на кулите, како и поголемиот простор за телепорт покрај кулите, промената на Outpost локациите и други промени.

Hoodwink е додаден во Captains Mode. На Valve му требаше време да го балансира овој херој за да може да го додадат во Captains Mode, но се чини дека го тоа и го сторија. Со промените во овој пач е додаден шард и аганимс унапредување, како и големите промени во магиите, а со тоа од Valve сметаат дека овој херој може да се воведе во Captains Mode.

Целосните промени во пачот может да ги прочитатe ТУКА.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK