
Еден од најпознатите и најпрепознатливите фудбалери во светот инвестира во нова организација која ќе се вика Guild Esports.
Guild Esports во денешното соопштение соопшти дека ќе отвори голем број на еспорт академии и ќе има тимови во три дисциплини и тоа: Rocket League, FIFA и Fortnite.
Ние имаме визија да поставиме нови стандарди во иднина.
Системот за пронаоѓање на нови таленти и играчи ќе биде сличен на системот кој го користат големите клубови во фудбал преку скаути и агенти. Откако играчите ќе бидат пронајдени тие ќе бидат тренирани и обучени.
Бекам, наводно ќе биде вториот најголем акционер во Guild Esports откако откупи голем број на акции преку неговата компанија, DB Ventures.
Во организацијата до сега се инвестирани 25 милиони фунти, а целта е да се стигне до 100 милиони фунти.
Дејвид ќе биде инструментот во градењето и обликувањето на тренерската програма што се спроведува во нашите академии и ние со нетрпение го очекуваме неговото менторство, како и инспирацијата што тој ја дава на младите генерации на спортисти.
A different kind of union. #WeAreGuild pic.twitter.com/kYFSJtkoj7
— Guild (@guildesports) June 25, 2020
Првиот професионален тим на Guild Esports се очекува да почне да се натпреварува уште од следната година.