
Во тесна серија од 5 натпревари, Damwon Kia славеше против MAD Lions и се спремни да се сретнат со RNG во финалето, кое се очекува да биде финале со високо квалитетна серија и високо ниво на игра.
И покрај силното прикажување, MAD Lions загубија во неверојатно тесната серија против Damwon Kia. Во првиот натпревар, MAD Lions ја покажаа својата способност да добијат индивидуални предности и да се надигруваат со играчи од највисок калибар.
Damwon Kia континуирано беа сметани за фаворити во подоцнежните фази од натпреварите поради нивните композиции со кои успеваат да преживеат во почетните фази на натпреварите и да обезбедат предности, за да подоцна да казнат грешки и да победат. И покрај тоа што ова можеби се покажа во играта еден, ботланот на MAD во голема мера го негираше ова во вториот натпревар.
Влијанието на играта од страна на MAD’s ADC Carzzy се покажа како непроценливо во следните две игри од серијата. Само во играта 2, Carzzy имаше 28,8% од вкупното златото на МАД и 39% damage done. Играта 3 го продолжи овој тренд, давајќи им приоритет на удобните пикови за нивните соло лејна. Големите и драстични промени во златото беа резултат на хаотични борби кои на крајот завршија во полза на MAD.
Синергијата помеѓу mid/jungle на Damwon Kia, односно постојаното присуство на Canyon на Rumble овозможувајќи му на ShowMaker да најде успех на својот лејн и му овозможи на Damwon ја најде својата втора победа.
Со двата тима со по 2 победи и серијата израмнета (2-2), крајот на ова полуфинале беше одбележано со антиклимактичка убедлива победа за Damwon Kia. Со целосна контрола во џунглата и мапата, DK ги надминаа своите ограничувања во петтиот натпревар со 23 минутна победа. Оваа еднострана победа во серијалот не ги намалува вредните напори што ги вложија MAD Lions во ова полуфинале.