ESPORTS.MK

DAMWON ја врати титулата на Светски шампиони во LoL во Кореја

DAMWON ја врати титулата на Светски шампиони во LoL во Кореја
ноември 06
20:29 2020

Лигата на LCK и јужнокорејскиот шампион Damwon Gaming ја прекина доминацијата на кинеските екипи и стави крај на Светскиот куп во ЛОЛ 2020 со победа од 3: 1, враќајќи ја титулата во најтрофејниот регион на сите времиња.

Од Challenger лигата до светски шампион – Damwon денес успешно го комплетираше „Worlds speedrun“ на најубавиот можен начин. Тие докажаа дека во моментов се едноставно без конкуренција и дека играат најубава и најдобра LoL игра на планетата и целосно заслужено го враќаат грандиозниот куп на шампиони во Јужна Кореја – лулка на спортот. Еве како помина само финалето, кое ги исполни очекувањата на навивачите и ни донесе многу возбудливи моменти.

Damwon поведе со победа во првиот натпревар благодарение на ултра силната комбинација на Graves + Orianna која даде одлични резултати во текот на натпреварувањето. Suning го одигра првиот натпревар малку повлечено дозволувајќи му на Damwon да ги земе сите четири змејови и да ја достигне dragon soul. И покрај предноста што ја имаше противникот, Suning прикажа голема борба, а Damwon дојде до победата дури по 43 минути игра со резултат 8-1-11 на ShowMaker.

На вториот натпревар, Suning се одлучи за интересни херои како силниот дуелист Fiora на топ и Rengar во џунглата како одговор на Evelyn. Овој пат беше Suning кој ги зема змејовите. Damwon успева да ги спречи да стигнат до dragon soul веќе со четвртиот змеј што успеаја да го земат за себе, но во 29-тата минута Suning конечно дојде до скапоцениот buff по борба 2: 3 во реката каде се прославија SofM и huanfeng кој играше еден од неговите омилени херои – Jhin.

Наскоро потоа, Suning го зема Baron Nashor и со многу buffs и моќната Fiora, тие го притискаат Damwon. Во 34-тата минута се води огромна борба на мид лејн, каде Bin се телепортира од топ до мид и во хаосот што следеше тој излезе со пентакил – првиот што го видовме во финалето на Светското првенство, а Suning успеа да изедначи на 1-1 и да донесе радост на навивачите на домашниот тим.

Изгледа дека Damwon реши да му се одмазди на Bin за пенатакил-от во претходниот натпревар. Во третиот натпревар во кој топ лејнерите ги добија хероите со кои се прославија во досегашниот тек на натпреварувањето – Bin Jax и Nuguri Kennen, Canyon го таргетираше топ лејнот двапати и убиваше додека земаше змејови за својот тим. Damwon повторно ги контролираше објективите и наскоро по 20 минути игра тие стигнаа до dragon soul што им дава голема предност. Angel го чуваше Suning во играта со Akali и Suning успева да го земе elder drake soul и да објави потенцијален пресврт, но Damwon успева да го фати SwordArt во џунглата и од таму во 5 до 4 ситуација лесно стигнуваат до baron, а потоа и до убиствата што им ја отворија врата кон противничката база и победа која ги носеше на чекор до титулата.

Четвртиот натпревар го одбележа Canyon, кој со Kindred ги тероризираше противничките херои. По трет пат во четири натпревари Damwon целосно ги контролираше змејовите и  повторно дојде до брз dragon soul кој го донесе одличната игра на џунглерот на Damwon, а овој пат Suning едноставно веќе немаше сила да се обиде да направи пресврт и да излезе од незгодната ситуација. Damwon продолжи да притиска додека во 27-та минута конечно не го срушија нексусот по трет пат, што исто така беше знак на огромна прослава – знак дека LCK и Јужна Кореја се повторно на врвот.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK