ESPORTS.MK

Дали сте спремни за Esport Adria Izazov?

Дали сте спремни за Esport Adria Izazov?
март 10
15:26 2021

Esport Adria го објави нивниот проект “Izazov” на кој ќе можат да учествуваат играчи од целиот регион вклучувајќи ја и Македонија.

На “Adria Izazov” ќе има натпревари во вкупно четири наслови, од кои три ќе се стандардни секој месец, а четвртиот наслов ќе се менува секој месец.

ФОРМАТ

Тимовите ќе играат купови секој месец во кои ќе собираат бодови, а тимот што ќе има најмногу бодови на крајот на месецот, ќе игра со актуелниот шампион во тој наслов.

КОИ ИГРИ СЕ ИГРААТ

Константните наслови на Esport Adria Izazov се: Brawl Stars, FIFA и CS:GO, додека четвртата игра за овој месец е VALORANT. Првите шампиони на настанот ќе ги добиеме на малку поинаков начин односно ќе бидат поканети по два тимови од секој наслов да одиграат меч за титулата шампион. Исто така шампионите ќе добијат по 100 евра и ќе ја имаат титулата до крајот на следниот месец кога ќе се дознае и нивниот предизвикувач.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ СТАНЕ ПРЕДИЗВИКУВАЧ

Секоја недела, од Четврток до Сабота ќе се играат FIFA Pro Clubs, Brawl Stars и CS:GO. VALORANT ќе се игра првите три сезони на крајот од секоја недела.

Регионалните екипи во текот на месечните купови ќе освојуваат бодови зависно од пласманот на турнирот, а распоредот на бодови ќе се одредува на следниот начин:

1. 100 бодови
2. 70 бодови
3. 50 бодови
4. 40 бодови
5-8. 20 бодови

Екипата со најмногу бодови ќе стане предизвикувач т.е. на крајот на месецот ќе се бори со актуелниот шампион од “Noći Duela“. Победникот на тој натпревар ја освојува наградата од 100 евра.

Ако некоја екипа успее да ја одбрани титулата, освен стандардните 100 евра ќе се додаваат уште по 50 евра за секоја одбрана се додека не сте стигне до лимитот од 250 евра по сезона.

КОИ СЕ ПРВИТЕ ШАМПИОНИ?

Noći Duela ни ги откри првите шампиони на Esport Adria Izazov. Во CS:GO, нашите Good Game преку QSKE Gaming стигнаа до шампионската титула. Во Brawl Stars беше слична ситуацијата. Таму екипата на Good Game Gold ги победија на QSKE Gaming. Тимот Black Bulls Gaming беше подобар од Esport Dubrovnik во FIFA Pro Clubs, а во VALORANT Marten Gaming беа подобри од Illicit.

За да се пријавите следете ги линковите подолу, а доколку имате некои прашања приклучете се на дискорд серверот од Esport Adria.

Adria FIFA Pro Clubs IZAZOV: Пријави се

Adria Brawl Stars IZAZOV: Пријави се

Adria CS:GO IZAZOV: Пријави се

Adria VALORANT IZAZOV: Пријави се

 

Превземено од: Adria.gg

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK