
Германскиот League of Legends тим, Schalke 04, размислува за продажба на нивното место во LEC лигата.
Schalke 04 се во лигата скоро пет години и тие се едни од најомилените тимови во истата. За жал, се чини дека местото во LEC лигата ќе им го отстапат на некоја друга екипа поради лошата финансиска ситуација во која се најде фудбалскиот клуб Schalke 04.
Во јавноста излезе шпекулација дека место во лигата би чинело околу 20 милиони евра. Со продажбата, Schalke 04, ќе врати 100% профит од нивната првична инвестиција од пред пет години.
Имајќи во предвид дека Schalke 04 е фудбалски тим, овие пари ќе бидат вратени во спортот за да се обнови нарушената репутација на овој германски бренд.