ESPORTS.MK

CS:GO тимовите повеќе не можат да користат тренери додека се натпреваруваат онлајн

CS:GO тимовите повеќе не можат да користат тренери додека се натпреваруваат онлајн
јануари 29
22:55 2021

Во блогот кој го објавија од Valve на нивната веб страна објаснија дека на CS:GO тимовите нема да им биде дозволено да имаат тренери во нивните онлајн натпреварувања. Оваа одлука доведе до бес кај дел од заедницата.

Одлуката е донесена се со цел да се зачува конкурентскиот интегритет, велат од Valve.

За да се намали злоупотребата на тренерските позиции, настаните кои се спонзорирани од Valve ќе се одвиваат на следниот начин: Додека онлајн мечевите траат, само играчите ќе имаат дозвола да се присутни во собата и на серверот. Ниту тренерите, ниту кој било друг нема да смее да биде во собата, на серверот или да комуницира на било каков друг начин со играчите за време на натпреварот.

Valve го прави ова како реакција на големиот скандал што изби околу спектаторскиот баг што беше злоупотребен од некои тренери. Сите тренери кои беа разоткриени дека ја користеле оваа грешка во играта веќе нема да им биде дозволено да учествуваат во настани спонзорирани од Valve. Некои од тренерите на кои им е забрането ќе можат да се вратат после неколку месеци но за некои кариерата како тренери во CS:GO е завршена засекогаш.

Додека некои ја поздравуваат одлуката на Valve, другите сметаат дека оваа одлука е казна за тренерите кои се натпреварувале според сите правила и ферски без користење на багот во играта.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Tags
Share

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK