ESPORTS.MK

CSGO страната од Steam е отстранета на два часа, фановите збунети

CSGO страната од Steam е отстранета на два часа, фановите збунети
март 09
11:31 2021

Станата на CSGO од неодамна беше избришана заедно со други игри и козметички ајтеми од Steam Store.

Како што може да се види од секцијата за историја на датабазата на Steam, Valve отстрани повеќе од 30 наслови од Steam Store. Почнувајќи со игри како MahjongSoul и Pet Vet, па се до иконската CSGO. Без разлика што и да е проблемот, фановите се бесни од целиов овој дебакл.

Се очекува да стане збор за баг и дека сите игри што недостасуваат ќе се вратат повторно на Steam Store. Сепак, стравот дека нема да ја има CSGO на платформата е нешто што заеднициата не е спремна да го прифати.

CSGO заедницата на Twitter едвај чека повторно да се врати страната на играта.

Valve ја отстрани CSGO од Steam

Покрај фактот што не може да се пристапи до страната на продавницата на играта, играчите можат да ја играат CSGO преку вклучување од нивната бибилиотека. Играта е уште видлива во секоја засебна бибилиотека на играчите и може да се вклучи од таму. Дополнително, тие можат да ја вклучат играта користејќи го Start менито или преку quick-launch иконата од нивниот Desktop.

Сепак, играта е отстанета од Steam, а тоа заедницата нема да го прифати баш најдобро. Од покажување на бес за инцидентот, па се до шпекулирање за што значи ова отстанување за иднината на CSGO, имаше доста бурни реакции.

Се повеќе како што расте бесот и шпекулациите во заедницата, сепак останува да видиме уште колку долго ќе треба на Valve за да ја поправи ситуацијата.

Моментално, играта е отстранета повеќе од два часа од Steam Store, па затоа се очекува за доста брзо да пристигне и пачот кој ќе го рекулира сево ова.

Додека и доколку поправката пристигне од Valve, останува невозможно да се прогнозира кога продавницата на CSGO ќе биде вратена на Steam Store.

Имајќи ја во предвид брзината со која се шират вестите во врска сo отстанувањето на CSGO од продавницата, станува збор за време за тоа кога повеќе луѓе ќе се придружат и ќе чукнатат на вратата на Valve со прашања за тоа кога ќе можат повторно да ја имаат својата омилена игра назад.

edit:
*СТРАНАТА НА CS:GO Е ВРАТЕНА ПОВТОРНО ВО ФУНКЦИЈА НА STEAM STORE*

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK