ESPORTS.MK

CS:GO легендата GeT_RiGhT се префрла во VALORANT

CS:GO легендата GeT_RiGhT се префрла во VALORANT
декември 27
15:05 2020

CS:GO легендата Christopher “GeT_RighT” Alesund ги извести неговите фанови на Twitter дека ќе се префрли во VALORANT сцената.

Поранешниот играч на Ninjas in Pyjamas кој е еден од најдобрите луркери и играчи кои ја имаат играно CS:GO, пред скоро време беше исфрлен од активниот состав на Dignitas.

Шведската суперзвезда објави потенцијално префрлање во VALORANT сцената следејќи ги постапките на неколку негови поранешни колеги вклучувајќи ги и оние на Hiko и ANGE1.

Фановите на VALORANT со нетрпение чекаат да видат кој тим ќе го потпише GeT_RighT или пак шведската звезда ќе избере да оформи нов сопствен состав. Како и да е, GeT_RighT покажа дека се уште не е спремен да ја напушти еспорт сцената и дека е спремен за нови предизвици.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK