ESPORTS.MK

CS:GO и Dota 2 официјални наслови на Светското првенство организирано од Меѓународната Еспорт Федерација

CS:GO и Dota 2 официјални наслови на Светското првенство организирано од Меѓународната Еспорт Федерација
март 02
12:01 2021

Меѓународната Еспорт Федерација излезе со соопштение дека на IESF 13th Esports World Championship кое ќе се оддржи во Ејлат, Израел се враќаат добро познатите наслови CS:GO и Dota 2.

МЕФ со нетрпение очекува да ги види најдобрите спортисти од земјите членки на 13-тото Светско првенство во Еспорт.

Ејлат беше избран за град домаќин на Светското првенство по откажување на настанот во 2020 година. Форматот на натпреварите ќе биде сличен на ланскиот. Регионалните натпревари ќе се одржуваат онлајн, а најдобрите играчи и тимови ќе учестуваат офлајн на крајната фаза од ова Светско првенство.

Македонската Еспорт Федерација веќе има објавено официјално соопштение за лигите што треба да се одржат кај нас и ги има овие два наслови, што значи дека нашата репрезентација ќе се одреди во тие лиги и ќе се испрати на Светското првенство.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK