ESPORTS.MK

CS:GO Adria Prvenstvo by Predator со награден фонд од 4.000 евра

CS:GO Adria Prvenstvo by Predator со награден фонд од 4.000 евра
мај 30
12:49 2021

Adria Prvenstvo е турнир кој се одржува веќе четири години по ред, а во 2021 година нè очекува и јубилејната петта сезона.

Новата сезона доаѓа со ново име, па ќе биде позната како CS:GO Adria Prvenstvo by Predator, а ќе пружи на регионалните еспортисти прилика да го стават своети име на самиот врв на натпреварувањето и да освојат вредни награди.

Наградниот фонд за ова натпреварување ќе изнесува 4.000 евра + хардвер. Победникот на првенството ќе освои 1.600 евра, второпласираниот тим ќе освои 1.200 евра а третото и четвртото место ќе освојат 800 евра односно 400 евра.

Турнирот започнува со отворените квалификации на 05.06 кои ќе се играат на платформата FACEIT, додека финалето ќе се игра на 18 јули. Согласно со епидемиолошката ситуација, дополнително ќе се одреди дали финалната фаза на турнирот ќе се игра online или на LAN.

Играчите ги очекува стандарден формат кој се состои од два отворени квалификациски купови, SWISS фаза и плејоф. Покрај квалификуваните тимови, нè очекуваат и четири повикани екипи и тоа: ONYX од Србија, 4glory од Србија, Good Game од Македонија и Onliners од Босна и Херцеговина.

За повеќе информации во врска со турнирот, како и пријавите за отворените квалификации посетете го официјалниот сајт.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK