ESPORTS.MK

Црвена звезда осамена на врвот на Балканската Еспорт Лига

Црвена звезда осамена на врвот на Балканската Еспорт Лига
јули 04
19:40 2021

„Црвено-белите“ го искористија новиот кикс на Nexus за да се одвојат на врвот на табелата во Балканската Еспорт Лига со победа повеќе од најблиските ривали по шест рунди натпреварувања.

Пред крајот на првата половина од групната фаза на натпреварувањето, ситуацијата на табелата, полека почнува да го покажува балансот на силите што можевме да го очекуваме на почетокот на сезоната. Crvena zvezda, Z10 и Valiance се екипите од кои најмногу очекуваме, заедно со Nexus , кој игра важен фактор во борбата за плеј-офот.

Натпреварот помеѓу zvezda и Х25 беше отворен со жестока борба на бот лејнот по три минути игра каде видовме вкупно пет убиства во кои X25 мина за подобра нијанса. Во следните десет минути екипите трпеливо ја чекаа можноста за добр плеј, а Звезда ја доби предноста во моментот кога однесе три кила на мид лејнот, и полека ја преземаа иницијативата во играта.

По истекот на 20 минути игра, Звезда го зема Барон бафот како резултат на две нови убиства што ги однесоа во противничката џунгла и со тоа успеаја да ги срушат сите надворешни кули на противникот. Со ваква предност Звезда лесно стигна до вториот Барон баф во 30. минута, а веќе во првиот напад на мид лејн стигнуваат до својата петта победа оваа сезона.
Моменталната состојба на табелата во EBL е следнава:

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ