ESPORTS.MK

CR4ZY обезбедија пласман на EU Masters

CR4ZY обезбедија пласман на EU Masters
август 03
19:38 2020

Скоро пред самиот крај на регуларната седма сезона на EBL, CR4ZY го обезбеди првото место со резултат од 12-0 и моментално 3 победи повеќе од второ пласираните SuppUP Esports, што значи дека тие сега и официјално се еден од двата тима што ќе ја претставуваат EBL на летните EU Masters.

Со победа против романската екипа Nexus која претставува нивната 12 последователна победа од почетокот на натпреварувањето, новодојденците во EBL ја оправдаа својата улога како фаворит и го исполни првиот дел од нивната цел, а тоа е да го обезбедат учеството на EU Masters. Сега им преостанува борбата за титула која со себе носи директен пласман во главната фаза од натрпреварот.

Доколку нема промена на табелата во последните неколку недели од натпреварување, CR4ZY ќе игра против Crvene Zvezde на почетокот на плејоф-от, која моментално го завзема четврттото место на табелата со една победа помалку во однос на Zero Tenacity, додека актуелниот шампион SuppUp и Split Raiders треба да се сретнат во вториот дел.

За да настанат промени во составот на тимовите за плејоф, Zero Tenacity треба да ги победат непоразените CR4ZY и да се надеваат дека Zvezda ќе имаат половичен удел следната недела ( 1-1 ), а доколку тоа не успее, единствена шанса да се изборат за tiebreak гејм за четврттото место е да Zvezda потфрли против ASUS ( Со вчерашниот пораз против SuppUP ).

Полуфиналните мечови во EBL лигата се закажани за сабота и недела ( 8 и 9 Август ), додека големото финале се игра наредната сабота на 15 Август.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ