ESPORTS.MK

Combat Gaming организира Fortnite хуманитарен натпревар тежок $50.000

Combat Gaming организира Fortnite хуманитарен натпревар тежок $50.000
февруари 08
14:34 2021

Организацијата Combat Gaming, што е под диригентска палка на 38 Entertainment Group, објави дека оддржува Fortnite хуманитарен натпревар кој ќе се стрима во живо каде учество ќе земат спортски и еспортски атлети, креатори на содржини и останати добро познати личности.

Настанот започна на 28. јануари, а дел од него се професионални фудбалери како Daniel James и Pierre-Emerick Aubameyang кои се натпреваруваат рамо до рамо со Benjy “Benjyfishy” Fish од NRG, стримерот David “Grefg” Cánovas Martínez, музичарот James Arthur и многу други. Индивидуалците ќе се борат за дел од наградниот фонд тежок 50.000 долари, а освоените пари ќе бидат доделени на добротворни организации или цели по нивен избор.

Jonathan Kark, коосновачот на 38 Entertainment Group изјави за натпреварот:

Многу сме возбудени што ќе ги воскреснеме популарните добротоврни натпревари на вашите екрани. Овој пат тоа ќе биде со Fortnite и награден фонд од 50.000 долари кој е „резервиран“ за добротворни организации и цели кои се од важност овие денови.

За да се поддржи натпреварот, организацијата стапи во партнерство со Gaming Bible, дел од The LAD Bible Group, за да овозможи целосна покриеност во живо на настанот од сите платформи.

Покрај ова, настанот ќе биде стриман и на каналот на Twitch на Combat Gaming. Како партнери на натпреварот, Twitch ќе го промовира настанот на нивната почетна страна. ѓж

Според дописката, организацијата ќе оддржи четири настани со четири различни наслови за време на 2021 година, а како главен и прв настан ќе биде оној со Fortnite.

Натпреварот ќе се игра со тимови од по три играчи, каде секој од тимовите ќе се состои од професионален играч, креатор на содржини и славна личност. Наградниот фонд ќе биде поделен меѓу трите најуспешни тима.

Combat Gaming е новокреиран гејмерски колектив и клуб со членови кој се раководи од 38 Entertainment групацијата, косопственикот на Ellevens Esports. Минатата година, организацијата лансираше серии на добротоврни гејминг настани под името „Combat Corona“ за да собере средства за време на глобалната Ковид-19 пандемија.

Првите два настани од сериите, каде што можевме да видиме број на славни личности што играа FIFA 20 и CoD:WZ турнири, собраа нешто повеќе од 25.000 долари за UNICEF.

Останати личности кои земаа учество на Fortnite натпреварувањата беа Manuel Lanzini, Mason Mount, Jaden ‘Wolfiez’ Ashman и John ‘Manny’ Brown меѓу другите.

Одлично е да се види како еспорт организациите и славните личности ширум светот се сплотуваат за да понудат забава, но и помош на оние кои најмногу им треба. Покрај тоа што Combat Gaming е нова компанија нивната работа е за пофалба и се надеваме дека ваквите настани ќе ја добијат заслужената огромна поддршка.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK