
Aydan и неговиот дуо партнер Rated ја одржаа концентрацијата на високо ниво и успеаа да го освојат Code Red турнирот
Ayden ја покажа својата умешност и можеби во моментов е најконстантниот наптреварувач на controler, и заедно со својот соиграч успеаа да го однесат трофејот во своите витрини. Полесно од очекуваното стигнаа до финалето во winners bracketot каде ги вкрстија силите со супер талентираниот играч DiazBiffle и неговиот партнер SuperEvan. Тимот на Ayden беше поразен со 2 : 0 во мапи и премина во losser bracket финалето.
Додека пак во losser bracketot имаше далеку поинтересни натпревари каде победникот се одлучуваше во best of 1. Во петтата рунда се сретнаа team Huskerrs vs team Destroy. Поуспешен во овој дуел беше тимот на Destroy и во финалето од lossers bracketot ги дочекаа Aydan и Rated во борба да стигнат до големото финале за освојување на целиот турнир. Во тесно финале од lossers bracketot успеа тимот на Ayden да издвојува победа од 2 : 1 во мапи, да се изборат за големото финале и rematch против тимот на DiazBiffle.
Во големото финале успеаа на вистински начин да се реваншираат Ayden и Rated и во супер интересна завршница да ја однесат победата и трофејот со 2 : 1 во мапи. После овој турнир Ayden останува најплатениот играч со вкупна заработка од $192,044.40 на турнирите кои досега биле одиграни.