ESPORTS.MK

Cloud9 со голем comeback против 100Thieves за влез во финалето на Lock in турнирот на LCS

Cloud9 со голем comeback против 100Thieves за влез во финалето на Lock in турнирот на LCS
јануари 31
13:40 2021

Во првото полуфинале на LCS Lock-In турнирот, Cloud9 беше во можност да сврти 100 Thieves во best of 5 натпревар исполнет со напнатост и многу pentakills. Cloud9 сега преминува во финалето.

Работите започнаа одлично за 100 Thieves, кои изгледаа како да ја продолжуваат својата одлична серија против зашеметениот Cloud9. Уште еднаш FBI и Huhi го контролираа двете ленти и со само една победа од страна на C9, се чинеше дека тие ќе бидат елиминирани бидејќи 100 Thieves веќе се подготват за следната серија во финалето, бидејќи влегоа во четвртиот гејм со водство од 2-1. Но, Cloud9 возврати и ги победи 100 Thieves.

Без сомнение клучните играчи за Cloud9 во оваа серија беа Zven и Vulcan, кои целосно го свртеа бот лејнот откако загубија во првите 2 игри. Cloud9 се префрли од поодбрамбен и контролиран стил, во поагресивен, со кој 100 Thieves се бореа со потешкотии ефикасно да се справат. Ова беше најдобро симболизирано во третата игра, бидејќи Perkz беше ставен на Yone и Blaber го одбра Udyr во џунглата.

Најголемите моменти од серијата беа во форма на два pentakills, и двајцата ги направи  Zven со пикот Miss Fortune. Се чини дека Cloud9 конечно најде стил на игра на кој може да се надоградат, со неколку конзистентни парчиња. 100 Thieves останаа скршени после оваа испуштена победа, но сигурно се покажаа како еден од најдобрите кандидати за титула во LCS оваа година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK